МО: Поради трагичните настани во скопско, само симболично ќе се одбележи Денот на АРМ

Поради немилите трагични настани кои се случија во скопскиот регион, Министерството за одбрана донесе одлука сите прослави по повод 24-годишнината од формирањето на АРМ да не се одржат.

Како што информираат од Министерството за одбрана, заедно со Генералштабот на АРМ било договорено симболично да биде одбележан Денот на АРМ.

На 17 август ќе бидат положени венци на гробиштата во Бутел, и ќе има плотунски оган, а на 18 август пред Министерството за одбрана ќе се одржи постројување на припадниците на АРМ и вработените во Министерството со што ќе се одбележи денот.

 
 
16.08.2016 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега