Се санираат спортските и детското игралиште во Смилковци

Најдоцна за два дена ќе биде оспособено повеќенаменското игралиште во село Смилковци кое беше затрупано со 80 кубици земја од наносите од поплавите во скопско.

Ова го информира директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасески при денешната посета на Смилковци заедно со премиерот Емил Димитриев.

Во моментов, како што кажа, волонтери од Фудбалската федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт и деца кои спортуваат од околните села работат на завршното расчистување на асфалтниот терен по што ќе следи санација на четириметарската ограда и враќање на една од стативите на своето место што беше однесена на 30-ина Се метри од игралиштето.

На игралиштето, како што информираа локалните жители, тренираат 60-ина деца од сите околни села и тоа е единствено игралиште каде можат да се занимаваат со спортски активности.

Претставникот на Фудбалската федерација најави дека ќе се обидат деновиве со средства од УЕФА да го санираат и големото фудбалско игралиште што е во непосредна близина на повеќенаменското, а градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски најави дека општината ќе го санира детското игралиште и ќе ги поправи сите реквизити.

Жителите најавија дека во соработка со Фудбалскиот клуб Фортуна од Сингелиќ чие игралиште исто така е оштетено од поплавите по завршувањето на санацијата на игралиштата ќе организира меморијален турнир од кој средствата ќе бидат наменети за помош на настраданите од поплавите.

 
 
17.08.2016 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега