Хорор во Македонија: Се соблекол среде улица пред малолетничка
Во 22 часот и 20 минути во полицијата во Свети Николе, 29-годишната Е.Б. пријавила дека истиот ден во периодот од 17 часот и 30 минути до 18 часот на улицата „Јане Сандански“, додека нејзината петнаесетгодишна роднина Куманово, која била кај неа на гости, возела велосипед, пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцевите и го покажувало половиот орган. Девојчето продолжило со движењето , по што и раскажало на Е.Б. По овластување на Основното јавно обвинителство Штип во просториите на полицијата, во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Свети Николе, извршен е разговор со девојчето, по што е извршено препознавање на лицето. Се работи за 28-годишниот К.Т. од Свети Николе. По документирање на настанот од страна ке биде поднесена кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа