Пар преживеа вистински хорор во Скопје
Вчера околу 21:30 часот во Скопје, на улица „Самоилова“, додека Ф.Р. се шетал со неговата сопруга Ф.П., четири непознати лица им извршиле разбојништво.
Сторителите биле со автомобил „Голф“ со непознати регистарски ознаки, и со закана со нож и со удар со тупаница во пределот на лицето, им одзеле женска ташна во која имало паричник со 8.000 евра, златен ланец и три златни лири, а од Ф.Р. одзеле машки паричник во кој имало 200 евра и 5000 денари, златен ланец кој го носел околу вратот и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа