Седум лица тешко повредени во Скопје

Во текот на изминатиот ден во Град Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи.

Како што информира денеска самостојниот  инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција извршила увид на сите 12 сообраќајни несреќи. Од нив четири се со последица материјална штета, а шест се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи заради необновување регистрација на возилото и еден возач, кој управувал патничко моторно возило без користење безбедносен појас. Санкциониран е и еден возач на мотоцикл, кој го управувал без да носи заштитен шлем, односно кацига.

Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.

 
 
19.08.2016 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега