Битолчанец нападнал полицаец со нож

 

Во текот на вчерашниот ден, во 13 часот и 45 минути, полициски службеник при СВР-Битола, пријавил дека додека бил службено ангажиран за откривање на сторители на кривични дела – кражби во патничко моторно возило, на ул.„Филип Втори Македонски“ го забележал Ј. П., (25 годишен-познат сторител на кривични дела) како провалува патничко моторно возило „Нисан Микра“ со грчка национална ознака.

Ј.П. насилно ја отворил предната лева врата на возилото, седнал на возачкото седиште и пребарувал низ патничкото моторно возило, по што полицискиот службеник се доближил до осомничениот, се лигитимирал и му наредил да излезе од возилото. Ј.П. во тој момент од чантата која ја носел на појасот извадил нож, го отворил и со десната рака почнал да замавнува кон полицискиот службеник со намера да го лиши од живот, по што истиот ја турнал вратата од колата за да се одбрани, а Ј.П. продолжил да замавнува со ножот, при што го скршил внатрешниот ретровизор. Полицискиот службеник повикал интервентна екипа на полицијата која дошла, му го одзела ножот на Ј.П. и го привела во СВР Битола. Од страна на Основниот суд-Битола на Ј.П му е одредена мерка „притвор“ во траење од 8 дена.

 
 
20.08.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега