БЕГ почнува со акција за бесплатно приклучување на парно мрежата

Снабдување со топлина Балкан Енерџи започнува акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија. Акцијата ќе трае до 15. септември, а сите заинтересирани потрошувачи што сакаат да бидат приклучени на системот за топлинска енергија до почетокот на грејната сезона треба да се пријават што поскоро.

Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Првичната најава и неопходните информации заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат на телефонскиот број 02/3076-200 или на наплатните пунктови во подружниците.

Акцијата за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија е дополнителна придобивка  за граѓаните на градот Скопје, со која добиваат можност за загревање на своите домови со најниски финансиски трошоци. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија (парното грење) за домаќинствата се намали за 10,93%. Намалувањето на цената на топлинската енергија од 2013 година , од кога БЕГ ги поседува лиценците за производство, дистрибуција и снабдување, за домаќинствата изнесува 35,25%. На последното намалување на цената ѝ претходеше одлуката на компанијата за продолжено греење во вечерниот период за најмалку еден час, што дополнително им го подобри комфорот на потрошувачите.

 

Покрај индивидуалните придобивки за секој потрошувач, со приклучување на што поголем број потрошувачи кон системот на топлинска енергија се придонесува кон намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, особено изразено за време на грејната сезона, бидејќи топлинската енергија ги задоволува највисоките еколошки стандарди.  Инаку, најновата можност за бесплатно приклучување кон системот за греење, покрај домаќинствата, можат да ја искористат и правни лица. Оваа група потрошувачи со одлука на Регулаторната комисија за енергетика добија намалување на цената од 28,74% до 40,61%, во зависност од категоријата на потрошувачот.

 
 
22.08.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега