Пронајдени 14 мигранти во возило пред тунелите кај Демир Капија

 

Мешовит патролен тим од Полициската станица за Граничниот Премин “Богородица“, по претходно известување од Полициската станица во Неготино,  вчера во 18 часот пред тунелите на Демир Капија во правец Гевгелија – Скопје, во патничко моторно возило „Форд Експлорер“, без регистарски ознаки и без возач, биле пронајдени пет лица мигранти, а во непосредна близина на возилото уште девет лица мигранти.

МВР денеска соопшти дека е извршен увид на местото на настанот и извршен е разговор со мигрантите.  Мигрантите, се посочува, ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
22.08.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега