72 полицајци и 40 службени возила помагаат на поплавените

Во периодот од 20.08.2016 година до 22.08.2016 година СВР Скопје продолжи со преземање мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, Општина Гази Баба со селата Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и Арачиново, со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина. 

Притоа, соопшти денеска МВР, се преземаа мерки и активности за справување со елемeнтарната непогода, санирање на штетите и соодветен проток на сообраќајот во кризното подрачје.

Од страна на СВР Скопје ангажирани се 72 полициски службеник и 40 службени возила распоредени во седум сектори. Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, фотографирани се вкупно 14 ПМВ.

Сообраќајно обезбедување со пренасочување е извршено на подрачјето на Општина Гази Баба, односно на потегот од клучка Арачиново до населба Сингелиќ, раскрсница со ул.Методија Андонов Ченто, ул.Алија Авдовиќ, ул.Радован Ковачевиќ и од крстосницата со ул.Методија Андонов Ченто, ул.Алија Авдовиќ и ул.Радован Ковачевиќ кон село Стајковци.

 
 
22.08.2016 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега