Се уште се трага по бебето кое исчезна во невремето во Скопје

 

СВР Скопје и во текот на вчерашниот ден продолжи со преземање на мерки и активности за физичко и сообраќајно обезбедување на Скопскиот регион, Општина Гази Баба со селата Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци и Арачиново, а со цел справување со последиците од елементарната непогода која го зафати Скопје и неговата околина, при што се преземаа мерки и активности за справување со елемeнтарната непогода, санирање на штетите и соодветен проток на сообраќајот во кризното подрачје.

Притоа, од страна на СВР Скопје ангажирани се 72 полициски службеник и 40 службени возила распоредени во седум сектори, а фотографирани се вкупно 16 патнички возила.

Сообраќајно обезбедување со пренасочување е извршено на подрачјето на Општина Гази Баба, односно на потегот од клучка Арачиново до населба Сингелиќ, раскрсница со ул.„Методија Андонов Ченто“, ул.„Алија Авдовиќ“, ул.„Радован Ковачевиќ“ и од крстосницата со ул.„Методија Андонов Ченто“, ул.„Алија Авдовиќ“ и ул.„Радован Ковачевиќ“ кон с.Стајковци.

Едногодишното бебенце Елиф Фејзула од селото Сингелиќ, исчезнато за време на невремето, во близина на обиколница кај Смилковско езеро, се уште не е пронајдено.

Во овој период на подрачјето на СВР Скопје евидентирани се 22 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени домови, возила, ниви и друг имот, како и штети предизвикани од невремето.

 
 
23.08.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега