Охрид брои ситно до концертот на Аца Лукас

Организаторот на концертот на Аца Лукас, само три дена пред неговото започнување,најавува дека се е подготвено за четиричасовниот спектакл на стадион Биљанини Извори откако неколку денови се работело на организација на просторот, поставување на целосна звучна и светлосна техника, бина, за што е одговорно студиото Берар од Нови Сад, комапнијата која се грижи за логистиката на концертите на сите големи ѕвезди на Балканот како и за Егзит.

Лукас и неговите најблиски се очекува да пристигнат во петок наутро, непосредно пред генералната проба на Охридска маракана, закажана во петок попладне. Српската атракција Аца Лукас, по својот концерт во Охрид, закажан на втори август на Билјанини Извори ќе летува во Охрид, градот кој влегува во неговиот избор на топ 5 дестинации.

 Цената на стандард билетите за концертот изнесува 300 денари во предпродажба. На денот на концертот цената на билетите изнесува 400 денари. За овој концерт се предвидени и 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари. Картите може да се најдат на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.

Картите се во продажба во трафика Фибос во центар кај шеталиште на Охрид, како и кафетерија Офсајд во склоп на спортски рекреативен центар Билјанини Извори.

ФОТО: Сител

 

 

 

најчитано сега