Сотир Костов: Услови за избори има - СДСМ нема повеќе изговори

СДСМ и Зоран Заев имаат се помалку изговори да не учествуваат на избори. Списокот е добар, стокмен и прочистен, и тоа сите го видовме. Услови за избори одамна постојат. Ова во изјава за Телеграф.мк, го вели политичкиот аналитичат Сотир Костов.

Според Костов, услови за избори има и сега тие се кренати на едно повисоко ниво. Лидерите на 31 август треба да потврдат дека избори ќе има и тие ќе се одржат, најверојатно, на 11 декември.

 - Лидерите ќе го кажат конечниот збор - дали ќе има избори. Сметам дека во духот на договорот од Пржино и неговите три модификации се создадени услови за фер и демократски избори. Целта е постигната и сите задачи по дополнувањето на договорот се исполнети. Состојбата со Избирачкиот список ја знаеме, се воведоа неколку категории гласачи, што можеби не е според Уставот. Како „фантоми“ се најдоа голем број јавни личности кои е јасно дека постојат. Списокот е добар, стокмен и прочистен, и тоа сите го видовме. СДСМ може да каже што било, но веќе нема изговори да не оди на избори. Услови за избори одамна постојат, но сега тие се изведени на повисоко ниво, објаснува политичкиот аналитичар за Телеграф.мк.

Повеќе на ТЕЛЕГРАФ

 
 
24.08.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега