Академик Топољинска фантом: Не ми паѓа на памет да докажувам дека постојам

Неодамна се вратив од странство и ме известија дека сум на списокот со спорни гласачи, а знам и дека веќе е поминат рокот за нивно пријавување. Ова во изјава за Дневник го вели академик Топољинска, која стана фантом.

-Но и да бев тука, немаше да отидам да се пријавам за да ме регистрираат како гласач бидејќи сум револтирана од тоа што се случува со тој список. Нека моето име и натаму остане на тој список, а јас ќе видам дали воопшто и ќе се појавам на гласањето кога ќе има избори, изјави вчера Зузана Топлињска, академик, член на МАНУ и на повеќе други угледни научни институции. Нејзиното име, заедно со другите, го најдовме на списокот со спорни гласачи кои пред неколку недели ги објавила ДИK со цел во предвидениот рок да го регулираат својот гласачки статус. Но, откако дознала дека е спорна нејзината евиденција во единствениот Избирачки список, односно дека се наоѓа во категоријата гласачи што најголемата опозициска партија СДСМ ги смета како фантоми, таа се револтирала, пишува Дневник.

Таа прашува како е можно да биде фантом и непостојна личност и по толку години да нема траги во евиденциите на институциите за неа.

- Поради сето тоа, не ми паѓа на памет сега да одам и да убедувам некого дека постојам. Нека си остане така како што е, а јас длабоко ќе размислам дали воопшто и ќе отидам на гласачкото место каде што досега сум гласала којзнае колку пати. Всушност, не знам ни за кого би гласала во однос на партиите што ни се нудат, вели Топољинска за Дневник.

 
 
24.08.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа