Коѕиас утре во Скопје

По неговата прва посета минатата година во јули, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во четврток повторно ќе ја посети нашата земја. Европската перспектива на Македонија ќе биде главна тема во разговорите.

Инаку, шефот на грчката дипломатија во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, пред кои ќе има обраќање, а дипломатите потоа ќе можат да поставуваат прашања. Закажана е и билатерална средба меѓу Коѕиас и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.

 
 
24.08.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа