Попоски: СДСМ нека одбере кога сакаат избори - ние сме подготвени

Дали ќе има избори зависи од СДСМ. Министерот за надворешни работи и заменик претседател на Владата, Никола Попоски со јасен став. Кога СДСМ ќе биде подготвен , тогаш ќе имаме избори.

 „Ставот на владината коалиција е јасен и тој е дека најголемата опозициска партија има можност, привилегија и луксуз да одбере во кој момент ќе се чувствува подготвена за соочување со демократски избори“  – рече Попоски. 

Тој додаде дека очекува да се почитува последниот меѓупартиски договор.

 

„Мислам дека имаме политички договор, тој политички договор останува жив и претставува начин за пребродување на оваа политичка криза, што подразбира и организирање избори во согласност со условите што се утврдени со тој политички договор“  – оцени Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали по лидерската средба на 31 август, на која треба да се утврди договореното, може да се очекува техничка влада со СДСМ.

 
 
24.08.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега