Заев: Одиме на избори на 11 декември

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словачка Мартин Безак на која разговараа за политичката ситуација во Македонија и реализацијата на преземените обврски за паралментарните избори.

- Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31 август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија, истакнал Заев на средбата.

Тој, како што се наведува во соопштението, рекол дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оценил дека според расположението на терен и анкетите, тоа ќе биде СДСМ и опозицијата.

Амбасадорот Безак, како претставник на земјата којашто сега претседава со Европската унија, изразил надеж дека во Македонија ќе се одржат демократски избори што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ.

 
 
24.08.2016 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа