ВМРО-ДПМНЕ: Медиумите на СДСМ/СОРОС повторно лажат

Медиумите на СДСМ/СОРОС повторно лажат и манипулираат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ниту ги одобрува, ниту ги одбива кандидатурите за петтиот член-експерт во ад-хок телото за контрола на медиумите. Според договореното во Пржино, четворицата членови на ад-хок телото сами го одбираат петтиот член. ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува работата на ова тело и изборот кој членовите на ад-хок комисијата ќе го направат за петтиот член на истата. Со ваквите ефтини лаги Бранко Героски со ПлусИнфо и останатите медиуми на СДСМ/СОРОС влегуваат во мрва трка со Мактел околу тоа кој прв ќе ги пренесе лагите создадени од фабриките на СДСМ, стои во соопштението на владејачката партија.

 
 
24.08.2016 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега