Коѕиас во Скопје на средби со државниот врв

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, денеска доаѓа во Скопје. Шефот на грчката дипломатија, по втор пат доаѓа во земјава, по неговата посета во јуни минатата година, на покана на шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, со кој ќе има билатерална средба, на која според најавеното, ќе се разговара за напредокот во имплементацијата на мерките за градење доверба меѓу двете земји, како и за низа други теми од регионално значење.

Коѕиас ќе се обрати и на Амбасадорскиот совет, кој се одржува во Министерството за надворешни работи од 24 до 26 август 2016 година на кој присуствуваат шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. Како што е предвидено, тој ќе ја води сесијата „The future of Europe and Balkans in need“, а ќе оствари средба и со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и со премиерот Емил Димитриев.

Попоски вчера во изјава за медиумите за средбата рече дека не очекува да биде отворено прашањето за името и посочи дека приоритет е подобрување на односите и создавање на посилни врски во што е можно повеќе области.

 

 
 
25.08.2016 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега