Последни напори на СДСМ за одложување на изборите преку ад хок телото

Преку ад хок телото за медиуми СДСМ и СОРОС ќе се обидат да издејствуваат ново одложување на изборите во декември.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение информираше дека паниката во СДСМ е на тоа ниво што се подготвени на се за да ја продолжат кризата.

Од таму велат дека на Бихаќка се свесни дека им пропадна стратегијата за одложување на изборите со наводните фантомски гласачи и дека сега на ред е обид, тоа да се стори преку ад хок телото за медиуми.

„Како што наближуваат изборите, така се зголемува стравот на СДСМ од соочување со вољата на народот и плаќањето на казната за своето деструктивно делување.

Со секој поминат ден, се подраматични стануваат обидите да се блокираат изборите и излезот од кризата. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека доколку не постои криза во Македонија, тој и СДСМ немаат ништо конструктивно да им понудат на граѓаните. Единствениот проект на СДСМ е деструктивната политика, лагите, фабрикациите и одржувањето на земјата во што подолга состојба на агонија.
Пропадна приказната со која што СДСМ прогласи академици за фантоми, а во истата категорија ги смести и нивниот пулен Најчевска и сестрата на Радмила Шекеринска, заедно со уште 30.000 наши сограѓани.За да го покрие овој голем срам, СДСМ прогласува за експерти некои луѓе кои повеќе пати се качиле на ладата на нивните протести и луѓе кои насилнички се заканувале кон новинари.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извори од ад хок телото за медиуми брифираат дека токму Љубомир Костовски кој е дел од структурите на СОРОС е единствената пречка за договор. Според информациите, тој бил единствениот кој имал тврд став, или уште еден човек од СОРОС да влезе во ад хок телото или тоа воопшто да не избере петти член со што не би се исполнил условот за организација на изборите.
Нашите извори велат дека останатите три члена кои немаат директни врски со соросовите средства биле флексибилни и немале проблем да се договорат околу било кое решение. Единствено барале, членот кој ќе влезе во комисијата да не се финансира со средства од СОРОС и да не биде дел од оние кои во минатото напаѓале новинари и биле дел од протестите на СДСМ.

Од опозициската партија пак, велат дека петтиот член  на ад хок телото мора да биде експерт.

„ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува членовите на ад хок телото за следење на медиумите за избори да го изберат петтиот член за да може ова тело да почне да функционира. Не отстапуваме од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингиренции на ова тело.“ – велат од СДСМ

 
 
25.08.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега