ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да успее во намерата да воведе цензура врз медиумите

СДСМ не успеа и нема да успее во намерата да воведе цензура врз медиумите во 21 век. Насилните протести пред приватни медиуми, нивното прогласување за непријатели, континуираните закани и напади врз новинари се показател колкав е стравот на аболицираниот криминалец Зоран Заев од соочувањето со граѓаните на избори, на кои што ќе ја плати цената за деструктивната политика и кризата во која што ја втурна Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе ја плати цената за сета штета што ја предизвика на граѓаните на Република Македонија и во тоа нема да може да му помогне ниту партискиот уредник што ќе го постави во МТВ, ниту обидот на мала врата да наметне цензори качени на Лада кои скокаат и се закануваат секогаш кога ќе биде притиснато копчето од СДСМ/Сорос.

Да имаше нешто демократско во СДСМ немаше да се предлагаат карикатурални решенија со кои ќе се ограничува слободата на медиумите и правото на изразување на сопствен став и мислење. Немаше да се бара партиски уредник во МТВ. Немаше да се бара зголемување на казните и формирање на цензорски тела. Немаше да се предлагаат експоненти на СДСМ/Сорос кои партиски и непрофесионално ќе ги оценуваат и казнуваат медиумите.

СДСМ е пред дебакл. Аболицираниот Зоран Заев и со 10 партиски уредници нема да може да биде спасен од пропаѓање во амбисот.

Ад хок телото има обврска професионално и непартиски да го одбере најсоодветното решение за 5-от член. Ад хок телото не смее да подлегне на притисоците на Зоран Заев и СДСМ кои се обидуваат да предизвикаат што е можно поголема штета и да привлечат и други со нив во амбисот.

ВМРО-ДПМНЕ и вчера одговори на медиумите под контрола на СДСМ/Сорос кои почнаа да лиферуваат невистинити информации напишани од Бихаќка. Ад хок телото ја има целосната поддршка во своето работење. Членовите на ад хок телото треба да го изберат најдобриот кандидат кој ќе одговори на сериозните обврски што стојат пред телото во наредниот период.

Слободата на говорот и на медиумите мора да биде приоритет. Никој не смее да биде казнет или заплашуван со казни за искажано јавно мислење или сопствен став. Тоа е вистината од која што се плаши СДСМ. Без закани кон медиумите јавноста ќе ја дознае целата деструкција и безидејноста на Зоран Заев.

 
 
25.08.2016 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега