Скопје Сити Мол повторно “евакуиран“

Денеска во 07:30 часот, во просториите на Скопје Сити Мол, согласно законските обврски и правилникот за работа на трговскиот центар, се одржала уште една редовна вежба за евакуација.

Целта на оваа интерна вежбовна активност во форма на евакуација, била да се тестира системот за заштита и спасување на трговскиот центар. Вежбата за евакуирање била изведена под надзор на Кризниот штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

-Евакуационата вежба која што успешно ја изведовме денес е дел од нашата стратегија за идентификација, превенција и минимизирање на ефектите од непредвидени ситуации предизвикани од човечки фактор или виша сила. Целта на кризниот штаб на Скопје Сити Мол е да биде подготвен за управување на најдобар можен начин со можните ризици и вонредните ситуации. Се придржуваме кон сите безбедносни стандарди со кои на нашите посетители, вработени и закупци им овозможуваме сигурен престој и непречено работење во трговскиот центар, изјави Ивајло Иванов, менаџер на Скопје Сити Мол.

најчитано сега