ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ е непријател на медиумите и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели. 

- Секој медиум што не е под контрола на СДСМ/Сорос и кој отворено говори за деструкцијата и незаконското работење на аболицираниот криминалец Зоран Заев е предмет на закани и навреди од СДСМ и како политички непријател треба да биде затворен, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев.

За СДСМ, се вели во реакцијата, единствено се прифатливи медиумите кои се дел од „Фабриката“ финансирана од политичкото раководство на СДСМ/Сорос.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ваквото делување на СДСМ е против човековите права и слобода на говор и информирање и затоа ќе биде казнето од граѓаните во првиот момент кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори. 

- Носењето на Законот за владино рекламирање е дел од реформските обврски на Република Македонија. СДСМ е против секоја реформа. Деструктивната политика на СДСМ може да егзистира само во време на криза. Изборите во декември ќе бидат излез од кризата, а по деструкцијата, Македонија повторно ќе се врати на патот на просперитетот и реформите, стои во реакцијата. 

 
 
25.08.2016 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега