На пладне нов обид за комплетирање на ад-хок телото

Нов обид за докомплетирање на ад-хок телото за набљудување на работата на медиуми ќе биде направен денеска напладне.

Членот на ова тело Цветин Чилиманов вчера на својот фејсбук профил објави дека за утре во 12 часот е закажан нов состанок на кој треба да се избере петтиот член, кој ќе биде Албанец.

Инаку, вкупно 9 кандидати се во игра за 5тото отворено место во ад хок телото за мониторинг на медиумите. Сефер Тахири, Бесмира Ејупи, Илир Ајдини, Ајат Реџепи, Даут Даути, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди и Јосиф Џочков.

 

 
 
26.08.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега