Прегазен пешак итно донесен на скопските Клиники

 

 

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќе што се случи во Куманово вчера во 7 часот и 25 минути, во кумановската населба „Тоде Мендол“ на раскрсницата на улиците „Тоде Мендол“, „Есперанто“ и „Романовски пат“ во која учествувале автомобил со кумановски регистарски ознаки „ауди“ управуван од 47-годишниот А.К.  и „мазда“ управувана од 35-годишниот Ј.А. 

 Автомобилот „ауди“ излетал од патот и удрил во 66-годишниот  пешак М.С. кој стоел надвор од коловозот. Кумановецот со возило на итна помош префрлен е во кумановската болница каде му се констатирани тешки телесни повреди, а потоа поради сериозноста на повредите пренесен е на една од скопските клиники.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 
 
26.08.2016 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега