Акција на полицијата: Фатени 9 мигранти

 

Вчера околу 23:45 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на автобуската постојка за село Мездра, во нивата имало автомобил „Мицубиши Галант“ со германски регистарски ознаки.

Полициски службеници излегле местото на настанот, при што во возилото биле затекнати девет мигранти од Авганистан, кои илегално ја преминале грчко-македонската граница, а возачот на возилото избегал.

Лицата се задржани во Полициската станица во Свети Николе за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
26.08.2016 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега