Пожар беснее во Пробиштип - пожарникарите на терен
Регионалниот центар за управување со кризи Штип известува дека во околината на Пробиштип, надвор од градот, се појавил пожар со кој е зафатена сува трева и дел од лозјата.
Поради силен ветер, пожарот се ширел кон село Ратавица и се појавило опасност пожарот да зафати и дел од викендичките кои се наоѓаат во близина. На терен веднаш излегоа да интервенираат ТППЕ од Пробиштил, а поради опасноста од ширење на пожарот на помош излегоа и пожарникари од Штип.
Пожарот кој започна во 20:15 часот почна да се шири поради ветерот со променлив правец. На пожарот интервенираат од противпожарната бригада со двете возила и осум пожарникари. И граѓаните од околината излегоа да помогнат во битката со пламените јазли.
По потреба, на терен ќе помагаат и пожарникари со возила од Кратово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа