Откриен идентитетот на загинатиот во сообраќајката кај Подмоље

 

Откриен идентитетот на несреќниот маж кој загина во страшната сообраќајка утринава кај Подмоље. Се работи за 39-годишниот Н.Ј. од охридското село Оровник кој околу шест часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинската пумпа Бесјани кај село Подмоље, загубил контрола, влетал во спротивна лента и удрил во друго возило.

Другото возило било управувано од 55-годишниот Љ.Ч. од Охрид.

Н.Ј бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид каде им подлегнал на повредите.

 
 
27.08.2016 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега