Полицијата со детали: Млади скопјани планирале да заминат на боиштата во Сирија
Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, излезе со детали за продолжението на акцијата Ќелија, во која се приведени лица кои сакале да заминат на боиштата во Сирија.
Петмина македонски државјани на 12-ти август биле уапсени во турската населба Аксарај каде се собирале и организирале џихадистите и оттука планирале да заминат на боиштата во Сирија. Се работи за лица од Куманово и Скопје, на возраст од 18, 19, 20, 21 и 24 години, кои се обиделе да избегаат па се здобиле со тешки телесни повреди.
По преземените активности и документирањето на настанот осомничените се вратени во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.
Министерот Чавков информираше дека за 23 лица македонски државјани се води кривична постапка, околу 25 македонски државјани се загинати, а околу 50 лица се уште се на боиштата во Сирија и Ирак. Тој нагласи дека овие бројки не се конечни и постојано варираат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа