Страшна железничка несреќа во Лозово: Воз удри во автомобил
Во 20, часот и 45 минути на магистралниот пат А3 Велес-Штип, преку железничката пруга Скопје-Кочани, во селото Лозово, се случила железничка незгода помеѓу возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од 31-годишниот Б.Н. од Кочани и патничкиот воз број 652, управуван од страна на 54-годишниот В.Ц. од селото Долно Лисиче-Скопје.
Во незгодата за среќа нема повредени лица, туку причинета е само материјална штета.
Додека траел увидот железничкиот и патниот сообраќај биле во прекин.
27.08.2016 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа