Страшна несреќа во кумановско: Изгубил контрола, излетал, па се забил во возило

Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 17 часот и 20 минути во Кумановско.
Турскиот државјанин, 34 годишниот Е.А, кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот Табановце-Скопје, со намера да се приклучи на магистралниот пат Крива Паланка-Кумановово, кон Крива Паланка, изгубил контрола, преминал на левата сообраќајна лента и удрил во патничко моторно возило „таврија“ кое го управувал 58 годишниот кумановец Т.А, кој се движел од Крива Паланка кон Куманово.
Турскиот државјанин се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во кумановската болница префрлен е во Ургентен центар во Скопје.
Кумановецот и неговата сопатничка од автомобилот, 56-годишната С.А се здобиле со повреди.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.
28.08.2016 - 10:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа