Докторите не можеле да направат ништо: Уште една кобна сообраќајка во Македонија
Во текот на вчерашниот ден уште една страшна несреќа ја потресе Македонија. Во 06 часот и 10 минути на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од 39-годишниот Н.Ј. од селото Оровник и возило „Хјундаи“ исто така со охридски регистарски ознаки управувано од 55-годишниот Љ.Ч. од Охрид.
Н.Ј. бил пренесен во болница „Св.Еразмо“, каде им подлегнал на повредите.
Увид извршила екипа од полицијата.
28.08.2016 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа