Охрид: Го застрелал колегата додека си ја проверувал пушката
Ловочувар се здобил со телесни повреди, откако претходно бил застрелан со пушка од страна на негов колега, кој во моментот ја чистел истата.
Вчера околу 19 часот во село Врбјани – Охрид, К.Б. вработен во ловно друштво „Славеј“ проверувајќи ја ловната пушка во дворот на сопствената куќа, испукал проектил кон својот колега и пријател, 53-годишниот Д.Р. од село то, вработен како ловочувар во ловно друштво при што го повредил во пределот на двете подколеници.
Д.Р. е префрлен во Медицинскиот Центар – Охрид за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа