ФОТО: Ова е е 73 годишниот македонски пензионер уапсен со пола кило кокаин на Табановце
Гостиварецот Мустафа А. (73) бил уапсен минатата сабота на граничниот премин Табановце кога кај него биле пронајдени 580 грама кокаин, пишува Дневник.
Според полицијата, гостиварецот ја купил дрогата од лице од Албанија и за надомест од 700 евра требал да ја прошверцува во Австрија.
Истрагата утврдила дека 73-годишниот гостиварец во текот на август стапил во контакт со организаторот на шверцот кој бил од Албанија и од него добил понуда да прошверцува дрога во Виена за што ќе му бил даден паричен надомест.
Гостиварецот, мислејќи дека поради возраста нема да биде сомнителен и лесно ќе ги помине границите, ја прифатил понудата. Потоа во периодот од 12 до 18 август со дилерот од Албанија се сретнал во Гостивар и ја зел пратката, а организаторот му дал половина од парите, односно 350 евра. Организаторот му рекол дека останатите 350 евра ќе ги добиел кога ќе пристигне во Виена, односно кога ќе ја предаде пратката на лицето во Виена. На 20 август гостиварецот се качил во автобус кој сообраќал на линија Струга-Виена. Автобусот пристигнал на граничниот премин Табановце, но полицајците и цариниците го селектирале автобусот за детален претрес. По прегледот на багажот на патниците, полицајците во црната торба што ја носел Мустафа пронашле едно полиетиленско пакување со прашеста материја. Пакувањето со дрога била скриена во двојното дно на торбата. Од вештачењето било утврдено дека станува збор за кокаин. Полицијата веднаш го уапсила гостиварецот, а од него бил одземен и мобилен телефон. Полицијата против Алихсан М. поднела кривична пријава за недозволено пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции. Истражен судија на уапсениот му одредил притвор од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа