Тешка сообраќајна несреќа во близина на Куманово - едно лице на Ургентен во Скопје
Моторциклис од Турција, вчера попладне околу 17:20 доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на Куманово.
До несреќата дошло кога лицето Е.А. со моторцикл „Јамаха“ се исклучил од автопатот ГП Табановце - Скопје и сакал да се приклучи за магистралниот пат Крива Паланка - Куманово. Тој изгубил контрола над моторот и преминал во левата лента каде удил во автомобил „Таврија“, кој го управувал Т.А. (58) од Куманово.
Тешко повредениот Е.А. (34) веднаш бил однесен во болница во Куманово, а потоа бил пренесен на Ургентен во Скопје. Во сообраќајката исто така полесно биле повредени и возачот на автомобилот со неговата сопруга С.А. (56).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа