Не чека ново одложување на изборите најавени за 11 декември?

Сите најавуваат избори, а работите стојат во место, особено ако се има предвид комплетирањето на ад хок телото за медиуми,. Последниот рок за негово формирање е пред последната оценка на лидерите за исполнетоста на условите за избори на 31 август
До овој момент, нема најави дека денеска би можело да биде избран петтиот член. Во такви услови сосема разбирливо е што граѓаните се прашуваат, дали не чека ново одложување на најавените избори за 11 декември.
Ако ги следиме изјавите на политичарите, не.
Сите политички партии се со став дека изборите ќе се одржат на 11 декември, но на дело, ниту една од нив не прави никакви чекори кон тоа.
Вчера лидерот на СДСМ рече во изјава која благо речено беше крајно конфузна истакна дека верува дека изборите нема да се одложат овој пат.
„ Повеќе сум оптимист во трагањето по мудроста како да се изнајде доволно аргументација да се избере петтиот член. Ад хок телото како што знаеме сите, ги знаеме деталите и очекувањата од него, тоа не е крај на светот, и не треба да дозволиме навистина поради една ваква мала причина да се одложат ставовите за заклучоците за исполнување на условите согласно кој ќе биде фиксиран датумот за избори. Јас верувам дека на 31 август ќе објавиме ние претседателите на поголемите партии дека 11-ти декември ќе биде датумот на изборите.“ – рече вчера Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот кој го позиционираа уште пред изборите кои беа закажани за април. Од најголемата партија во Македонија велат дека сметаат дека услови за избори имаше и во април а има и сега и дека не гледаат пречка тие да се одржат на 31 август. Според нив, единствено останува СДСМ да го надмине стравот и да се појави пред граѓаните кои ќе ја изречат пресудата за како што велат, деструктивната политика која доаѓа од Бихаќка.
И во ДУИ се со став дека изборите ќе се одржат на 11 декември и дека овој пат нема да има одложување.
До 31 август имаме уште два дена. Доколку на овој датум лидерите на четирите политички партии дадат зелено светло за избори, тогаш останува на 5 септември да се избере техничката Влада и СДСМ да го именува партискиот уредник на МРТВ.

 

 

 

 
 
29.08.2016 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега