Тешка сообраќајка пред Штип - една жена во болница

 

Едно лице е повредено во тешка сообраќајка која вчера околу пладне се случила на патот Велес – Штип во близина на Сарамзалино. Како што соопшти полицијата, во несреќата учествувале „Ланд Ровер“со скопски регистарски ознаки управувано од Б.М. (20) од Скопје и „Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.В. (25) исто така од главниот град.
Во несреќата со повреди се здобила 44 годишна сопатничка во Роверот која имала скршеница на надлактицата.
Таа итно била префрлена во болница а по санацијата на повредата пушта на домашно лекување.
Полицијата извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
29.08.2016 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега