ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска е жив доказ за безидејноста на СДСМ, довербата не се добива со бркање луѓе на улица, уништување фамилии и затворање фабрики

СДСМ е партијата која е гробар на македонската економија. Со криминалната приватизација затворија 684 фабрики и избркаа на улица 200.000 граѓани. Во Велес на листата на жртви на СДСМ стојат имињата на фабрики како Лозар, Порцеланка, Топилница, Свилара, Брако и уште многу други. Повеќе од 16 илјади велешани го загубија своето работно место поради погубните деструктивни политики на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Радмила Шекеринска има чиста нула кога е во прашање кредибилитетот да зборува за отворање нови работни места.

Шекеринска ги гледаше во очи и ги излажа граѓаните на Република Македонија во 2002 година дека ќе вработи по еден човек од секое семејство. Граѓаните не забораваат и токму поради таквите лаги го држат СДСМ што подалеку од власта веќе 9 изборни циклуси по ред.

Шекеринска е жив доказ за безидејноста на СДСМ. Се надева дека граѓаните заборавиле на сите лаги на СДСМ, и мисли дека со рециклирање на губитничките програми на Бранко Црвенковски во ново пакување ќе успее да ја добие довербата од народот.

Довербата не се добива со бркање луѓе на улица, уништување фамилии, затворање фабрики, криминална приватизација и тепање на вработените во Порцеланка кога штрајкуваат и си ги бараат своите права како што правеше СДСМ.

Довербата не се добива ниту со поставување роднини на партиски функционери за судии и стечајни управници,  за потоа фабриките во Велес преку стечајните постапки да ги добијат луѓе блиски на СДСМ.

Довербата не се добива ниту со одбрана на продажбата на ЕВН и бонбона бизниси. Довербата не се добива со повторување на истите лаги и неисполнети ветувања, ниту пак со 38% невработеност колку што беше во време на СДСМ.

Довербата се добива со намалување на невработеноста на рекордно ниско ниво од 24,5% благодарение на работата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и мерките кои ги презема. Затоа граѓаните веќе 11 години по ред убедливо гласаат за идеите и работата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе се случи и на наредните избори. Повторувањето е мајка на знаењето па СДСМ со повторување на програмата на Бранко Црвенковски и лагите на Шекеринска ќе дознае уште еднаш, 10-ти пат по ред, што значи да ја добиеш заслужената казна од народот за сета деструктивност, некрофилија, лаги и манипулирање на гласачите.

Се што треба е СДСМ да собере храброст и да престане да има фобија од избори и панично да бега од соочување со волјата на граѓаните.

 
 
29.08.2016 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа