Шест места на листите на СДСМ за активистите на Шарената револуција - помалку пратеници за НСПД и ЛДП

Пет до шест места СДСМ е подготвен да им даде на активистите од „Шарената револуција“ на листите на претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември, пишува Утрински весник.
Информациите ги потврдуваат опозициски извори кои додаваат дека во пресрет на изборите ќе направат обид за проширување на коалицијата со повеќе мали новоформирани партии.
Експертите коментираат дека во СДСМ биле принудени да донесат ваква одлука соочени со можноста активистите на невладиниот сектор предводен од СОРОС сами да формираат партија што катастрофално ќе се одрази на опозицијата на декемвриските избори. Се очекува оие добитни места на листите да одат на товар на коалиционите партии, пред се ЛДП и НСДП.
Оние пак кои што го следат расположението на граѓаните, велат дека анкетите не даваат никакви знаци дека резултатите на декемвриските избори ќе бидат нешто поразлични од оние на изборите во 2014та.
Предвидувањата се дека поразот на СДСМ ќе се движи меѓу 150.000 и 200.000 гласа разлика.

 
 
29.08.2016 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега