Откриен е идентитетот на момчето кое загина на Водно

 

Вчера  во 23.15 на локалниот пат Скопје-Средно Водно се случила сообраќајна незгода во која К.Д. (22) од Скопје, управувајќи моторцикал „Сузуки 750“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во метални еластичнни браници.

По незгодата, со возило на брза помош Д.К. бил пренесен во Ургентен Центар Скопје, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 30.08.2016 година во 00.50 часот Д.К. починал. Смрт била констатирана од страна на лекар.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција во Институтот за Судска Медицина и Криминалистика, а над моторциклот ќе биде извршен вонреден технички преглед.

 
 
30.08.2016 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега