Дванаесет повредени вчера во сообраќајки во Скопје

 Вкупно 10 сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје, во кои со полесни повреди се здобиле 12 лица.

Како што соопшти за МИА СВР - Скопје, во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите,16 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, 14 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 97 непрописно ги паркирале возилата.

Прекршоци по разни основи сториле шест пешаци.  

Санкционирани се и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли, кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило од наша страна во текот на вчерашниот ден отстранети се 79 возила.

По повод почетокот на новата учебна година заради поголема безбедност на учениците (особено првачињата) и другите учесници во сообраќајот од наша страна е предвидено поголемо присуство на униформирани полициски службеници на пофреквентните крстосници, булевари и улици кои гравитират покрај основните и средните училишта во градот.

СВР - Скопје апелира до возачите да бидат повнимателни, да ја намалат брзината на движење, да го почитуваат правилото на првенство на минување на пешаците на обележаните пешачки премини, бидејќи со почетокот на учебната година се очекува поголем интензитет на пешачкиот сообраќај.

Исто така апел и до родителите кои своите деца ги превезуваат со возила до училиштата, возилата да не ги паркираат на пешачките премини или тротоарите, односно да не ги узурпираат површините наменети за пешаци и на тој начин да не ја загрозуваат нивната безбедност.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во Детската Градинка „Росица“ објект „Кокиче “ истиот се наоѓаат на подрачјето на општина Ѓорче Петров.

Денеска Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје со почеток во 10:00 часот ќе оддржат протест пред зградата на Сојузот на Синдикатите на Македонија, пред Собранието и Владата на Република Македонија на Бул. Илинден.

Продолжува фестивалот на пивото „Пиволенд“ со почеток во 19:00 часот на просторот на Скопското Кале.

Со цел безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овие вонредни настани од наша страна на СВР - Скопје ќе бидат превземени мерки за сообраќајно обезбедување физичко регулирање на сообраќајот. 

 
 
01.09.2016 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега