Собранието ќе ја одржи 116 седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 116 седница.

На дневен ред се Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2015 година, Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на пазарот на осигурување во РМ во 2015 година, како и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2015 година.

Пратениците ќе ги разгледаат и Предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, како и Предлог одлуката за објавување јавен оглас за именување на претседател, заменик претседател и заменик член на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката, поднесени од пратеникот Зоран Илиоски.

 
 
01.09.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега