Несреќа на пругата Кочани - Скопје - едно лице заврши во болница

 

Железничка несреќа се случи вчера  во 20.25 часот  на пругата Кочани - Скопје, на локалниот пат  с.Ерџелија-с.Кадрифаково.  Како што информираат од полицијата, моторна гарнитура сопственост на „Македонски Железници“ АД-Скопје  удрила во автомобил марка  „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Д.Ѓ. од Штип. 

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил возачот на автомобилот марка „Голф“ и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип. 

 
 
02.09.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега