Момче преживеа хорор на скопските улици

 

Вчера околу 05,00 часот во Скопје на ул.„Кеј Димитар Влахов“, додека Б.Ј. се движел пешки бил нападнат од страна на четири непознати лица, кои биле со возило.

Имено истите излегле од возилото, при што  едно од лицата го удрило во пределот на главата и откако паднал, лицата физички го нападнале барајќи му го мобилниот телефон, а потоа насилно му одзеле една машка ташна во која имал 300 евра, 3000 денари, разни кредитни картички и други лични документи, по што лицата влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 
 
03.09.2016 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега