Фонтана како водна завеса на новиот плоштад Скендербег

За четири месеци се очекува комплетно да заврши премостувањето на плоштадот Скендер-бег, односно изградбата на плочата над булеварот Гоце Делчев, кај некогашната стоковната куќа „Мост“, која ќе биде платото на идниот плоштад. Од Општина Чаир велат дека премостувањето се работи со потребната динамика. Во моментов се бетонира од страната на Даут-пашиниот амам, а за неколку недели работите ќе се префрлат на другата страна од кај споменикот на Скендер-бег.

Во оваа втора фаза булеварот Гоце Делчев ќе биде покриен со плато на потегот од стоковната куќа „Мост“ до раскрсницата зад „Мавровска“. Платото ќе биде пешачка врска помеѓу Старата чаршија и Македонската опера и балет.

Втората фаза чини 10 милиони евра, а ја изведува фирмата „Бауер БГ“. Додека трае изградбата на булеварот, важи посебен режим на сообраќај.

Во третата фаза е предвидена изградба на подземен паркинг на две нивоа за 400 возила, на местото на постојниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“. Првата фаза од плоштадот беше завршена во март 2013 година, а чинеше 2,7 милиона евра. Тогаш беа покриени дуќаните на улиците Kазанџиска и Битпазарска со масивни плочи и беше изграден амфитеатар.

Плоштадот Скендер-бег ќе има површина од 26.000 квадратни метри и ќе го красат мозаици. Неодамна градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го избра идејното решение за мозаиците кога и на третиот конкурс не беше доделена првата награда. Тој избра едно од пристигнатите решенија на трите конкурса по препорака на комисијата што ги оценуваше трудовите.

 
 
05.09.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега