Над 85 пријави за штети од последниот земјотрес

По денешните земјотреси во Скопје, во кои, имаше направено и штети, распукани ѕидови, паднат малтер, а во еден случај во скопската населба Железара имаше и смачкан автомобил врз кој паднал оџак од блиската зграда.

Граѓаните штетите во своите домови можат да ги пријават на бројот на Центарот за управување со кризи – 195. Како што јавуваат од ЦУК, до 21.:30 часот имало 85 јавувања за штети.

Скопје денеска беше зафатено од серија земјотреси, од кој најсилниот беше во 15:10 часот со јачина од 5,3 степени по Рихтеровата скала.

 

 

 
 
11.09.2016 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега