Пукање во Ченто

Во 22 часот и 45 минути во Скопје на улицата “16.“, во населбата Ченто, засега непознати лица со огнено оружје пукале во куќата на 44-годишниот А.Ф. кој во моментот бил дома со семејството. Од пукањето бил оштетен прозорец и фасадата од куќата. На главната улица што минува покрај куќата пронајдени биле 13 чаури од пиштолска муниција со непознат калибар. Како последица на пукањето е предизвикана само материјална штета. Повредени лица нема. Причината за пукањето до овој момент не е позната. Се преземаат меркиза пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
14.09.2016 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега