Кумановско: Братучедите го претепале поради паркинг место

Во 21 часот и 10 минути во Матејче, 28-годишната Л.Р. од Липково, кумановско, телефонски пријавила дека околу 20 часот и 40 минути во селото Липково нејзиниот сопруг, 28-годишниот И.Р. бил физички нападнат од страна на неговите братучеди Х.Р. (26) и М.Р. (20) од истото село.

Истите го нападнале нивниот братучед поради неговото возило кое честопати го паркирал на улица, пред влезот во дворот на нивната куќа.

На И.Р.  му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово, каде му била констатирана телесна повреда во пределот на главата. 

Насилниците се задржани во полиција.

 
 
14.09.2016 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега