Хот: Земјотресот се одрази со повеќекратно зголемување на побарувачката на куќи

Дали зградите се проектирани да издржат земјотрес, но и дали стравот од земјотресот го зголеми интересот за купување на куќи?, на овие теми зборуваше Роберт Хот.

„Земјотресот се одрази со повеќекратно зголемување на побарувачката на куќи, интересот е огромен. Граѓаните се исплашени од висината и се сконцентрирани на пониски асеизмички објекти, зголемен е бројот на јавувања по тој повод“, вели Хот.

Претседателот на градежната комора при сојузот на стопански комори додава дека од 1963-та година, па наваму се поставени стандарди во статиката што ги нема никој во околината.

Според него иако во 2013-та година се воведе закон за контрола и претходно се градело безбедно.

„Во 2013 се појави екстра заштита, а со самото тоа се јавија повеќе изведувачи. Во моментов на пазарот има бренд компании на кои што им е важен нивниот углед. Да појасниме дека се воведе закон за екстра контрола, а уште два пати се излегува на терен за проверка на самата градба. Објектите што се градат се сигурни во огромен процент. Да не помислат луѓето дека законот е донесен 2013-тата година и ништо што било направено претходно не е безбедно“, појасни Хот.

 
 
14.09.2016 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега