Пукање во Сингелиќ: Му ја изрешетал куќата додека седел со децата

Во 23 часот синоќа во Полицијата во Гази Баба, 44-годишниот А.Ф. од Сингелиќ- скопско пријавил дека на ул.„16“ околу час пред повикот,  непознат сторител од огнено оружје (најверојатно од пиштол) испукал повеќе куршуми во правец на неговата куќа, а потоа веднаш се оддалечил во непознат правец. Неколку проектили од испуканите куршуми завршиле во надворешниот ѕид од куќата во која што освен скопјанецот кој во тоа време седел на тремот пред влезната врата, на другата страна од куќата, во една од собите на приземјето биле и неговата сопруга, двата сина и ќерката, а еден проектил го пробил стаклото од прозорецот на надворешниот ѕид од собата како и задниот дел од регалот и паднал на бетонскиот под од собата, непосредно до ѕидот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
15.09.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега