Од полноќ нова цена на бензините и дизелот во Македонија


Денеска околу пладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги објави новите цени на горивата кои
ќе важат во наредните две недели.
Во изминатите две недели на светските берзи цената на нафтата имаше движења во двете насоки, но повторно се фиксираше на нивото од пред две недели. Во такви услови, не се очекува некоја посериозна корекција на цените. На последната корекција, Регулаторот ги зголеми цените на бензините за половина денар, а цената на нафтата остана непроменета.
Во моментов литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 62 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 64 денари, а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 48 денари.

 
 
19.09.2016 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега